-->
-->
Груевски: УМС е еден од главните стожери на партијата со кого се носат победите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата
-->

Поминаа 25 години од формирањето на УМС на ВМРО-ДПМНЕ. 25 години, полни со успеси, со победи и со напредок. Дваесет и пет години во кои веќе одамна УМС стана еден од основните столбови на најголемата, најмоќната и најподдржаната партија од граѓаните на Македонија – ВМРО-ДПМНЕ. Денес кога УМС има над 55 илјади членови, а ВМРО-ДПМНЕ има над 170 илјади членови, денес не говориме за некоја млада организација, секција, група или нешто помало, зборуваме за добро организирана, силно мотивирана, многубројна, единствена, цврста, силна, нескршлива и победничка УМС, која од 2005та на 9 изборни циклуси по ред е еден од главните стожери на партија и со кого се носат победите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
Ова на денешната 25-та Конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го истакна лидерот на партијата Никола Груевски.
-УМС не е само бројка, УМС не е само надеж, УМС не е само иднина или минато, УМС е сегашност, УМС е огромен кадровски потенцијал, УМС е таленти, УМС е машина која работи без прекин, УМС е колектив, но и индивидуалци, индивидуалци кои иако млади преземале одговорност, кои денес се министри во Владата, заменици министри, пратеници, директори на државни претпријатија, агенции, раководители на подрачни единици, сектори, одделенија, во различни државни институции…УМС е членови на ИК на партијата, УМС е членови на партиските комисии и тела,членови на ОК и МК, УМС се илјадници млади луѓе кои доаѓаат подготвени да помогнат не само на ВМРО-ДПМНЕ туку и на Макеоднија, -и помагаат! Многу од нив работат и се борат рамо до рамо заедно со сениорите Македонија да се придвижи напред, да се решат што повеќе проблеми на народот, да се исполни што повеќе од ветеното, да се оправда довербата, да се надминат проекциите, посочи Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повторно забележани дронови над Белгија
-

УНХЦР: Климатските промени предизвикаа раселување на милиони луѓе
-

Сенатот постигна договор: Завршува најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД
-

Облачно, со повремени врнежи од дожд
-

Ѓорѓиевски: Успешна акцијата за чистење на Скопје, нема да дозволам да се повтори грдата слика
-

Над четири и пол илјади тони отпад собрани во акцијата за чистење на Скопје
-

МВР: Уапсен турскиот државјанин кој синоќа удри во контејнери и возило во Аеродром и избега од местото
-

Излизган камион го прекина сообраќајот на патот Струмица-Ново Село
