Груевски: Со владина поддршка набавени 2.000 трактори и уште 8.000 други земјоделски машини земјоделски машини

Со досегашната владина поддршка преку проектот „50:50“, во Македонија се набавени 10.000 парчиња земјоделска механизација од кои 2.000 трактори и 8.000 други видови машини, рече денеска премиерот Никола Груевски.
Во земјоделските задруги, како што изјави Груевски по потпишувањето на Договорот за рестартирање на „Порцеланка“ во Велес, тој принцип беше „90:10“ зашто Владата сакаше да даде голема поддршка за формирањето на земјоделските задруги. Таму, 90 отсто инвестираше државата, а 10 проценти земјоделците.
Според него, се работи за голема инвестиција од околу 15 милиони евра.
- Видовме дека тоа многу им помогна на земјоделците и дека тие се задоволни, а другите што го немаат направено тоа, видоа дека е остварливо и дека тоа што се ветуваше се реализира. Охрабрени, и многу од нив се подготуваат да го направат истото, подвлече Груевски, одговорајќи на новинарски прашања.
Оваа година, најави, ќе продолжи мерката „50:50“, како и онаа за задругите „90:10“ и на поголем број други земјоделци ќе им се овозможи по исклучителни поволни услови, каде државата практично субвенционира најмалку половина од набавката, да купат нови опреми од земјоделската механизација.
Ново на Сител
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
-

Андоновски: Над 20.000 студенти ги искористиле ваучерите
-

Цврстите горива и понатаму број 1 причина за аерозагадувањето во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
