Груевски: Со проектот Рурални развојни зони ќе се врати животот во руралните средини
Проектот Рурални ракојни зони е еден од позначајните проекти од програмата „Реално“ на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата и кој има за цел да се вратат во живот руралните средини и да се искористат капацитетите кои што ги нуди.
Станува збор за проект кој ќе даде неверојатно силен импулс во намалувањето на невработеноста и отворање на нови индустриски капацитети, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4, Никола Груевски.
-Конкретно за Валандово, проектот предвидува во секое населено место со помалку од 10.000 жители да се дадат услови, исти и подобри од оние во ТИРЗ. И најблиските и нај оддалечените градови и села од Валандово ќе ги имаат условите и тоа ќе трае 5 години. Во тие 5 години секој еден кој ќе склучи договор со државата за градба на индустриски капацитет , предвидено е 10 години ослободување 100% од плаќање на персонален данок на доход, данок на добивка, 50% ослободување од плаќање на придонесите за пензиско и здравствено. Ќе добие финансиски грант од државата за ново отворени работни места по 2000 евра, а ако вработи стечајци по 4000 евра. Исто така нема да плаќа комуналии , ќе биде изграден пат доколку го нема, три години ќе има бесплатно осигурување од пожар и ред други поволности, како и 10% учество во градбата до вредност од 500.000 евра, рече Груевски.
Со ова Македонија ќе добие една невидена шанса и многу нови капацитети за кои можат да конкурираат и домашни и странски инвеститори. Единствениот услов, додаде Груевски, е ново вработените да бидат 80% луѓе кои биле под Агенција за вработување најмалку 6 месеци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат за градоначалник на Скопје од Левица
-
Преглед на вестите од светот
-
Се повеќе деца повредени со електрични тротинети
-
Заврши рехабилитацијата на повредените од „Пулс“ на Пониква
-
Жителите на Ново Село повеќе нема да патуваат и по 40 км за дежурен лекар
-
За младите да се задржат во општините мора активно да учествуваат во креирањето на локалните политики
-
Мицкоски најавува реконструкција на владата после локалните избори
-
СДСМ: Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ - четири години разочарувања