Груевски: Следната недела ќе почне објавувањето на огласите за прием на 350 здравствени работници

Првите огласи за вработување на 350 здравствени работници во јавните здравствени установи во Македонија ќе бидат објавени следната недела и ќе течат наредните две до три недели, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на општина Илинден.
- Од она што сум информиран од министерот за здравство процедурата за 350-те нови вработувања во здравството е веќе започната и се очекува следната недела да бидат објавени првите огласи. Главно ќе се вработуваат лекари и медицински сестри, но ќе има и други профили како лаборанти, физиотерапевти,.., изјави Груевски во одговор на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на постројката на германската компанија „Г.Р.А.Д. Екопологија“ за производство на дизел гориво преку каталитичка деполимеризација, односно трансформација на отпадни масла во дизел гориво во локалната економска зона „Стопански комплекс Илинден“.
Тој прецизира дека огласите нема да бидат групно објавени за сите 350 работни места, туку секоја јавна здравствена установа ќе објавува соpствен оглас за кадрите кои треба да ги вработи согласно нејзините потреби.
- Тоа ќе значи силно зајакнување на македонското здравство, поголема поддршка на пациентите и подобра услуга, а за многу здравствени работници ќе значи можност за вработување и решавање на нивниот проблем со невработеноста, потенцира Груевски.
Ново на Сител
-

Нема повеќе вадење лаптопи, таблети, мобилни и течности од рачниот багаж на скопскиот аеродром
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
