Груевски: Силно и решително ќе се спротивставиме на сите кои го заплашуваат народот
Народот мора да се почитува. Народот не постои заради политичарите, туку ние постоиме заради народот, затоа што народот така одбрал и така решил, порача премиерот Никола Груевски во обраќањето на свечената академија по повод црковно-државниот празник Свети Климент Охридски.
- Затоа секаков облик за заплашување на народот, како што го прават нашите политички конкуренти, заплашувањето на сите негови целни групи, пензионерите, социјално ранливите, земјоделците, банкарите, бизнисмените, адвокатите, судиите, обвинителите, новинарите, е неприфатливо, и политичката гарнитура која јас ја предводам секогаш и секаде силно и решително ќе се спротивстави на овие недозволиви однесувања кои ги прават некои поединци и групи, потенцира Груевски.
Не сакам на овој празник да се конфронтирам, додаде, но и нема да премолчам и не смеам да премолчам, и да не кажам дека секој оној кој се дрзнува да го навреди народот, да го потцени, да го заплаши, ќе наиде на препрека во мене лично и во политичка гарнитура која ја предводам. И нема да помине!
Ново на Сител
-
СИЕПС: Приемот на нови членки ќе го промени односот на силите во ЕУ
-
Мицкоски: Славата и делото на Гоце Делчев продолжуваат да живеат
-
И месарниците под лупа на инспекторите на АХВ
-
Четириесет и пет години од смртта на Јосип Броз Тито
-
Почнува одбележувањето на Денот на Европа - 9 мај
-
Зеленски: Украина е подготвена да премине кон прекин на огнот што е можно поскоро доколку Русија преземе слични чекори
-
Најавените врнежи добредојдени за земјоделството
-
Ракометарките на Ѓорче Петров ја одбранија шампионската титула