Груевски: Се врати културата на повеќедетни семејства

Демографијата, наталитетот и фертилитетот остануваат меѓу врвните приоритети на оваа Влада. Мерките во овој сегмент даваат видливи резултати, трудот и напорите се исплатеа иако многу скептици не веруваа во тоа, истакна премиерот Никола Груевски во денешното обраќање по повод Денот на независноста, 8-ми Септември.
Последните статистички податоци, рече, покажуваат дека годинава прв пат во прво одделение се запишаа над 1.000 првачиња повеќе од лани што со децении не се случило, а трето дете во семејството веќе не е реткост. Се врати културата на повеќедетни семејства и ќе запре деценискиот пад на наталитетот.
- Трето дете во семејство не е веќе вистинска реткост, туку се почесто и полека, но сигурно станува хит, станува мода, станува нормално се повеќе. Ако пред седум години беа вистинска реткост, веќе нема улица или влез во зграда каде нема по еден или повеќе случаи на семејство со три или повеќе деца. Бројот на третородени деца во 2008-мата е 2.677, додека во 2014-та 3.715 што е раст од безмалку 40 осто. Тоа се цели 1.038 повеќе семејства само во текот на една година кои се одлучиле да имаат трето дете, споредено со 2008 година кога се родиле вкупно 22.945 деца, а во 2014-та 23.674 деца што е плус 729 и раст од 3,2 отсто, посочи Груевски.
Ова прашање, подвлече, не се третирало од поранешните влади.
Ново на Сител
-

Македонските студенти: Победата во Србија е доказ дека младите можат да направат промени
-

470 килограми месо од нелегална комора во Василево завршија на депонија
-

Преглед на вестите од светот
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Јотова и Ѓуров одат во вториот круг избори за претседател во Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
