Груевски се сретна со претседателот на ИРИ и регионалниот директор за Европа
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски оставри средба со потпретседателот на ИРИ Томас Гарет и регионалниот директор на ИРИ за Европа, Јан Сурочак.
На средбата што се одржа вчера се разговарало за можните форми на соработка, отвореноста за комуникација и плановите на ИРИ за работа во регионални рамки.
Груевски, како што информира партијата, ги информирал соговорниците за актуелната општествено-политичка ситуација и ја афирмирал заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за организирање на слободни, фер и демократски избори.
Груевски ја изразил максималната поддршка што ја дава ВМРО-ДПМНЕ на институциите и одговорните субјекти надлежни за изборите во однос на активностите за нивно организирање, на датумот утврден со изборниот закон кој беше прифатен од парламентарните партии.
Груевски ја истакнал подготвеноста за соработка со ИРИ во полињата каде постои взаемен интерес.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова на Меѓународниот Астана форум 2025
-
Зидан сонува да стане селектор на Франција
-
Манчестер Сити објави големи промени во штабот на Гвардиола
-
Пау Кубарси е „Златно момче“: Дефанзивецот на Барселона прогласен за најдобар млад фудбалер во Европа
-
Челси по пресврт до титулата во Лигата на Конференциите
-
Рубио: САД ќе почнат да ги поништуваат визите за кинеските студенти
-
Федерален суд во САД ги блокираше царините наметнати од Трамп, тој веќе поднесе жалба на судската одлука
-
Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп