Груевски се сретна со државниот секретар на германското МНР
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со државниот секретар на германското Министерство за надворешни работи Михаел Рот, кој е во посета на Македонија.
На средбата, како што информира ВМРО-ДПМНЕ, е разговарано за повеќе актуелни прашања поврзани со тековната политичка состојба во државата, евроатланските интеграции и процесите што ќе се преземат на тој план.
Груевски истакнал дека заложба на партијата е надминување на политичката криза преку одржување на предвремени парламентарни избори согласно одредбите и роковите на Изборниот законик кој го поддржаа парламентарните партии во Собранието на Република Македонија.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочил дека постои доволно време кое треба да го искористат надлежните институции за сите неопходни процедури коишто ќе го гарантираат изборниот процес. Во тој контекст, истакнал дека приоритет на ВМРО-ДПМНЕ е организирање на фер, демократски и слободни избори на коишто граѓаните ќе се одлучат за иднината на државата и оценил дека изборите се единствен излез од наметнатата политичка криза. Груевски додал дека ВМРО-ДПМНЕ дава максималната поддршка во поглед на спроведувањето на квалитетен, фер и демократски изборен процес.
Двајцата соговорници се осврнале и на темата на евроатланските интеграции при што Груевски истакнал дека членството во ЕУ и НАТО претставува стратешка цел, за што се преземаат мерките од реформскиот план и оти во таа насока е добредојдена поддршката на Германија и на останатите земји членки на ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-
Нема нови случаи со шуга во училиштето во кумановско - ИЈЗ бележи зголемен број заболени од ова заразно заболување
-
Пулмологија преполна – грипот предизвика сериозни компликации кај хронични пациенти
-
„Градски превоз“ за почеток ќе користи стари реконструирани возови - инфраструктурата може да се користи
-
Владата одлучи за разрешување на државниот обвинител Коцевски
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнаа преговори Русија – САД во Ријад
-
Разрешувањето на Коцевски денеска на Влада, Наташа Крстевска Цалева поднесе оставка од раководител на Вишо јавно обвинителство
-
СДСМ ја повика власта да ги поддржи законите за подобрување на животниот стандард на граѓаните