Бизнис
28. July 2016 - 20:10

Груевски: Проектот за странски консултанти треба да се прошири во бројност

Во македонските компании во досегашниот тек на годината консултанции давале 30 странски експерти од разни области.Десетина се очекуваат летово, а до крајот на годината вкупниот број ќе  ќе се искачи 55.

Ова е втора фаза на проектот кој започна пред три години во кој фирмите добиваат помош од консултанти од област која самите ќе ја побараат, како што е маркитингот, развивањето нови производи, технологијата, извозот.

Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Согласно проектот кој лани обезбеди 50 стручњаци, единствниот трошок за компаниите е сместувањето додека останатите трошоци ги покрива државата.