Груевски: Продолжува проектот за бесплатни учебници
Проектот за бесплатни учебници за основци и за средношколци за кои во изминатите години се дадени околу 40 милиони евра ќе продолжи оваа година. Се планира за таа цел да бидат вложени 11 милиони евра, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во изјава на новинарите по посетата на општина Пробиштип.
- Проектот е воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, не беше ветен во програмата, но сепак, година две откако дојдовме на власт оценивме дека тоа би била значајна помош за семејствата затоа што илјадници семејства плаќаа околу 100 евра за учебници за своето дете. Оние што имаа по две или три деца по 200 до 300 евра одвојуваа од семејниот буџет за учебници. Она што го направивме е што досега се инвестирани приближно 40 милиони евра во набавка на учебници во последните седум години, рече Груевски.
Додаде дека оваа ќе биде осма година во која што ќе се инвестираат 11 милиони евра. - Износот ќе биде малку поголем затоа што оваа година ќе бидат воведени новите учебници по Кембриџ програмата по математика и по природни науки - физика, хемија и биологија, што ќе биде едно ново зголемување на квалитетот на учењето и на квалитетот на наставата, затоа што Кембриџ учебниците се едни од најприфатените и најуспешните во светот. Користени се во многу држави и не случајно ние ја прифативме во проектот за воведување Кембриџ учебници по математика и природни науки. Со тоа оваа година ќе се заокружи воведувањето на Кембриџ програмата по математика и природни науки во основните одделенија од прво до деветто одделение, истакна Груевски.
Тој најави дека веќе следната година се планира аранжман со Кембриџ за средните училишта откако ќе се заврши со основните училишта.
Според него, Министерството за образование наскоро ќе треба да ги започне преговорите за средните училишта за воведување нови учебници и наставна програма по математика и природните науки.
Ново на Сител
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР
-
Прочистување на судско-обвинителскиот систем после локалните избори
-
Мицкоски: Гласачкото ливче на локалните може да биде долго и 7-8 метри
-
Лукровски презентираше план за Карпош