Македонија
13. November 2018 - 17:10

Груевски преку Фејсбук се јави од Будимпешта, МВР потврди дека статусот е автентичен

Експремиерот  Никола Груевски е во Будимпшета и бара политички азил од Унгарија.  

- Во последните неколку денови примив безброј закани по мојот живот. Јас сум во Будимпешта сега, и побарав политички азил од Унгарските власти. Секогаш ќе останам верен на каузата на Македонија. Никогаш нема да отстапам“, пишува на страницата на експремиерот.

Инфортмацијата  ја потврдија македонските власти. министерство за внатрешни работи бара од Судот да изаде меѓународна потерница за осудениот Груевски.

- По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека лицето Никола Груевски, кое се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија.  Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил.

Проверка, македонското министерство за надворшени работи пак, побара преку дипломатски пат. На разговор бил повикан унгарскиот амбасадор.

По информациите дека е во Унгарија,  под засилена полициска контрола е унгарската амбасада во Скопје. Таму попладнево полициски службеници се обидоа да стапат во контакт со лица од амбасадата.

Од  ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат информациите за тоа каде е нивниот почесен претседател Груевски.

Од таму велат дека се работи за партиска хајка.

Од владејалајата СДСМ пак, велат дека во страв од соочување со одговорноста за криминалот Груевски побегна на подмолоен начин.

Соочен со сопствениот страв и  очај Груевски може да се обидува да бега.  На Груевски и на оние што се обидуваат да го бранат криминалот мора да им стане јасно дека никој нема да може да побегне од правдата.