Груевски: Предвидуваме отворање нови 150 илјади работни места
Локалната самоуправа во Вевчани во изминатите четири години направила колку што никогаш во оваа општина не било направено, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на вечерашниот митинг во Вевчани.
Посочи дека во Вевчани изградиле нова училишна зграда, со површина од 2.450 метри квадратни, во вредност од 65 милиони денари, спортска сала, тениско игралиште, комплетно бил уреден просторот околу училиштето „Страшо Пинџур“, реконструирани и изградени се неколку локални улици, целосно е реконструирана детската градинка во Вевчани...
- Сработивме нова визија која што се вика „Нова ера“, која ќе биде за нови победи, успеси, ново утро, нови работни места. Овој документ, предвидува отворање на нови 150 илјади работни места во Македонија. Ако во минатото отворивме нови 173 илјади работни места, бидете сигурни дека во наредните години ќе вработиме нови 150 илјади лица. Според новата визија планот е невработеноста да падне под 10 проценти. Предвидуваме просечен раст на економијата од четири или повеќе проценти и со тоа ќе се обезбедат нови работни места, рече Груевски.
На 15 октомври, посочи тој, народот ќе покаже дека секој што работи спротивно на законот ќе биде казнет и подоцна елиминиран од политичката сцена.
Цветомир Угриновски aктуелен градоначалник и кандидат за иден градоначалник на општината, рече дека дека имал четири години напорна работа, посветеност и реализација на многу проекти.
- Проектите и делата се нашата најдобра програма и отчет, енергијата и минатиот труд се нашиот најдобар патоказ за иднината. Немам ниту најмала дилема дека и сега ќе победи вербата во Вевчани, убеден сум дека нашите политички разлики на изборниот ден ќе станат неважни кога ќе се соочат со големото дело на овој народ и оваа земја, додаде Угриновски.
Ново на Сител
-
Ќе останат ли без фактори за коагулација лицата со хемофилија?
-
Предложената концепција за гимназиско е на штета на учениците и наставниот кадар
-
Наместо ТOЕФЛ, за јавни функции ќе важи и Б2 сертификат за познавање странски јазици
-
Трошок за еден пензионер го покриваат речиси двајца вработени, над 200 лица во ПИОМ земале плата, а не оделе на работа
-
Македонец меѓу екстремистите од терористичката ќелија која планирала напад врз цивили
-
Оставка на српскиот премиер
-
Таравари: До крајот на неделата ќе има лекови на онкологија
-
Мицкоски: Злоупотребувале државни ресурси за да ме следат