Груевски: ПЕТ центарот во Скопје е единствена ваква институција во регионот

ЈЗУ Универзитетски институт за позитронско емисиона томографија (ПЕТ Центар) од денеска и официјално почна да работи со пациенти. Таму ќе може да се дијагностицира дали малигно заболените имаат метастази и точно да се детектира на кое место во нивното тело се за да може потоа да се отстранат.
Ова денеска го посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во одговор на прашање по увидот во градежните активности за изградба на новата зграда на АД ЕЛЕМ, и појасни дека ПЕТ центарот се отвори пред околу осум месеци, но не како дејност, туку како објект без примање пациенти, бидејќи откако ќе се отвори како објект неопходен е период за да се изврши тестирање и лиценцирања од меѓународни овластени институции.
- ПЕТ центарот во Скопје е оспособен за сопствено производство на радиоизотопи поради што ќе биде многу попродуктивен, ќе може да ги продава радиоизотопите на околните држави и ќе биде регионален центар. Луѓето што ќе работат таму се високо остручени, беа испратени на сите можни меѓународни обуки, а во првите неколку месеци со нив заедно ќе работат и експерти од странство. Станува збор за високопрофресионална установа, ретка во европски рамки што ја има само во големи држави, инвестиција од 16 милиони евра која се простира на површина од 2.500 метри квадратни, рече Груевски.
ПЕТ центарот, нагласи, е единствена ваква институција на потегот од Атина до Виена која има и сопствено производство на радиоизотопи.
- Има и некои други во регионот кои ја извршуваат дејноста, но немаат сопствено производство и ги купуваат радиоизотопите кои имаат краток век на траење од само неколку часа. Поради тоа е неопходно да се пренесуваат со хеликоптер за да може да се користат, рече Груевски.
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
