Груевски оствари средба со дипломатскиот кор- истакната посветеноста за реализирање на договорот

- Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, синоќа се сретна со претставници на дипломатскиот кор во земјата.
Како што соопшти владината прес-служба, на средбата се разговараше за политичката состојба во земјата, а во насока на имплементација на Договорот од јуни/јули.
- Беше истакната заложба кон изнаоѓање на решенија за надминување на предизвиците во врска со имплементација на договорот. Премиерот Груевски ја истакна посветеноста кон договорот и реализирање на обврските суштински и принципиелно и неопходноста од еднаква посветеност на сите инволвирани страни, стои во соопштението.
Претставниците на дипломатскиот кор, како што информираа на средбата, имаат разговори со претставнците на сите политички партии а во насока на поттикнување на финализирање на договорот, се посочува во соопштението.
Ново на Сител
-

Одбележување на Илинден во Пелинце и Св.Прохор Пчински
-

Сиљановска Давкова за Илинден во Скопје
-

123 години од Крушевската република
-

Филипче со илинденска порака од Мечкин Камен
-

Уапсени се 6 лица по вчерашното пукање на семејна прослава во гостиварско
-

Нема нови потврдени случаи на западно-нилска треска
-

Протест во Крупиште
-

Охрид пулсира 24 часа
