Груевски: Околу триесетина илјади кубни метри дрва годишно се сечат на диво, огревни дрва ќе има доволно
Она што ние го евидентираме се околу триесетина илјади кубни метри пресечени дрвна маса годишно како дива сеча, кои биле откриени од нашата шумо-чуварска служба, Министерството за внатрешни работи и Шумската полиција, а дел остануваат неоткриени, истакна директорот на ЈП „Национални шуми“ Валентин Груевски.
-Во постојан контакт сме со МВР и со Шумската полиција и ова е секојдневна и континуирана борба против дрвокрадците. Мислам дека не може брзо и лесно да се искорени тоа. Меѓутоа она што охрабрува се подоследните акции на МВР. Најголемата борба тука може да ја направи Министерството за внатрешни работи. Последните акции кои се направени во последните месец дена даваат надеж дека тој проблем може да се искорени, рече Груевски на денешната најавна прес-конференција за отпочнување на годинешната акцијата за пошумување – Пошумуваме заедно 2023.
На новинарско прашање дали годинава има доволно дрва за огрев, Груевски потврди дека ќе има доволно и оти очекува да не има проблеми со испораката на дрва.
-Дрва за огрев оваа година ќе има доволно. Преку приватните коминтети кои работат со нас, мислам дека е при крај испораката на дрвото што е платено за оваа година. Нема да имаме проблем со испораката на дрва. Исто така, немавме проблем и за ланската година. Завршено беше се навреме, рече Груевски.
Ново на Сител
-
Палестински извори: Најмалку 36 загинати во израелските напади во Појасот Газа
-
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри нафта, можно загадување на Дунав
-
Обвинителство бара мерки за претпазливост за претседателката на ДКСК за предметот „Адитив“
-
Љутков за исплата на платите на културните работници: Конечно направивме пресметка која што е достојна и законска
-
Околу 25.000 луѓе во Турција се „напушиле“ откако полицијата запали над 20 тони запленет канабис
-
Додик за одлуката на Шмит да ги блокира средствата на СНСД и Обединета Српска: Дали тоа е демократија?
-
Мицкоски: Истрагата за трагедијата во Кочани ја води јавниот обвинител а не Владата, тој кажува кои лица ќе бидат опфатени
-
Околу 100 илјади евра собрани од хуманитарниот натпревар Вардар – Црвена ѕвезда