Груевски: Одлуката на Иванов спротивна на нашите заложби и му помага на СДСМ
Оној што направил криминал треба да одговара. Никој во ВМРО-ДПМНЕ не се чувствува виновен и оттука никој од нас не сакаше да има прекин на постапките за кои Иванов донесе одлука, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на прес-конференција.
Тој повтори дека ВМРО-ДПМНЕ силно се оградува од одлуката на претседателот Ѓорге Иванов.
Таа одлука, како што рече, не е во согласност и е спротивна со нашите заложби и му помага на СДСМ.
- И покрај очигледното непрофесионално однесување на структурите на СЈО и заземањето страна, во случајот директно ставајќи се на страната на СДСМ, убедени сме дека низ правна постапка ќе се покажеше вистината и фактот дека многуте кривични пријави поднесени против наши функционери и неколкуте отворени истраги се дел од кампањата на СДСМ, немајќи што да понуди на народот, истакна Груевски.
Тој потенцира дека не се сомневаат во добрите намери на Претседателот со донесената одлука, ниту во законитоста.
Ново на Сител
-
Отповикана судската расправа за случајот „Геријатрија”
-
Спречен обид за шверц на 27,5 килограми тутун за наргиле
-
Комисија на ОН: Израел врши геноцид
-
Деца во двор на градинка во Центар пронашле наркомански шприц, ја скршиле иглата и се играле со него
-
Изгаснат пожарот кај Пинтија, интервенирале осум противпожарни возила
-
ДЗС: Изгаснат пожарот во депонијата „Дрисла“ што избувна синоќа
-
Можна смртна казна за убиецот на Чарли Кирк
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа