Груевски обвини дека судиите имаат двојни аршини за него и за Заев

Поранешниот премиер Никола Груевски, кој е обвинет во предметот на СЈО „Тракторија“ денеска задоцни на судење, односно дојде во судот 15-тина минути откако судијата Горан Бошевски го одложи судењето за 31 јануари. На излегување од судот тој обвини дека судиите различно постапуваат во случаите што се водат против него и против Заев во истиот суд.
- Денешното рочиште се одложи и како што може да се види во случајот на Заев судиите му се извинуваат што го малтретираат да дојде на рочиште и ги закажуваат рочиштата на многу долги периоди, во овој случај имаме различна ситуација, рече Груевски пред судот.
Прво, како што истакна, измислија причини за истраги, а потоа и обвиненија без каква било основа.
- Потоа, кога видоа дека нема никакви докази, а имаат обвиненија, почнаа да вршат притисоци врз судии. На некој начин давањето на 15 судии на Совет за факти за разрешување требаше да внесе страв кај судиите и веројатно внесе кај некои од нив, рече Груевски.
Посочи дека бил извршен и притисок врз Апелацискиот суд да ги прифати монтираните разговори како докази, иако, како што рече, Законот многу јасно и недвосмислено покажува дека тоа не може да бидат докази во доказна постапка.
- Кога сфатија дека и тоа не е доволно одлучија да ги менуваат судиите и да ставаат нови судии и можеме да претпоставиме под кои критериуми, рече тој обвинувајќи дека се случува политички прогон.
Прашан за новоотворената истрага за „Странски служби“, Груевски рече дека не знае и оти не е во тек со тоа.
- Нека си вршат истраги какви сакаат, немаме од што да стравуваме, изјави Груевски.
Ново на Сител
-

Крај на петмесечната политичка криза: Романскиот парламент му изгласа доверба на кабинетот на Лука Никулеску
-

НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
-

Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
-

Димитриеска-Кочоска: Продолжува мерката за намалено ДДВ за дизелот и акцизата до 2 ноември 2026 година
-

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп
-

Маж следел, па потоа допирал по телото 22-годишна девојка во Карпош
-

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар
-

Тешко повредено шестгодишно дете кое се возело како сопатник на тротинет откако во нив удрил автомобил
