Груевски: Новата програма за рурален развој со двојно повеќе средства од претходната
Новата Програма за рурален развој ќе овозможи реализација на 221 проекти во 81 општина во вредност од 39 милиони евра, средства обезбедени од Владата. Целта на Програмата е унапредување на животните услови на руралните и други мали населени места, изјави денеска во Берово премиерот Никола Груевски.
Програмата за рурален развој, како што посочи, е една од поважните во рамки на Програмата на Владата.
- Во минатото имавме многу инвестиции во овој дел, а сега со новата Програма очекуваме уште повеќе инвестиции во многу општини. Во 81 општина доделени се решенија чија што вредност е околу 39 милиони евра со кои што ќе се направат 221 проект. Тие се од различна природа, но се однесуваат само на руралните средини, претежно на помали населени места, рече премиерот Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на ОУ „Никола Петров Русински“ во населено место Русиново, Беровско.
Станува збор, нагласи, за патишта помеѓу локален пат, некој поголем пат, патишта внатре во села, различни пристапни патишта, водоводи, канализациски мрежи, паркови, плоштади во помали гратчиња,...
- Се работи за исклучително корисна програма која ќе се реализира во наредната година, година и половина до максимум две, нагласи премиерот Груевски .
Тој посочи дека практично се доделени решенија на речиси сите општини за рурален развој без оглед на партиската припадност на градоначалниците, а се имаат предвид понудените проекти.
- Сите градоначалници коишто се подготвени со проекти добија можност да користат средства од страна на Владата за изградба на различни проекти во нивните општини во вредност од 39 милиони евра. Оваа Програма е одлична можност и шанса за помалите општини да изградат патчиња, водоводи, канализациски мрежи, паркови и се друго што им е потребно и е од значење за квалитетот на живот на луѓето кои живеат таму, потенцира премиерот.
Целта на Програмата, додаде, е да се зголеми квалитетот на животот на граѓаните во руралните средини и помалите населени места затоа што општините каде што тие гравитираат најчесто немаат силни буџети и немаат можност да ги исфинансираат овие работи поради што Владата им нуди директна помош.
Со претходната Програма на Владата за рурален развој беа обезбедени средства во висина од 20 милиони евра.
Ново на Сител
-
„Мета“ го враќа препознавањето лице на „Фејсбук“ и „Инстаграм“
-
Вардар 1961 поразен од Порто во ракометната Лига Европа
-
Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на Македонската Револуционерна борба
-
Мерката за замрзнување на маржите до крајот на октомври, синдикалната кошничка намалена за 57 денари
-
Фон дер Лајен на четиридневна турнеја низ Западниот Балкан, утре престојува во Скопје
-
Гаши во Рига на Третиот Парламентарен самит на меѓународната кримска платформа
-
Австрискиот канцелар Карл Нехамер го прифати мандатот за формирање влада
-
Хезболах ја презеде одговорноста за нападот врз резиденцијата на израелскиот премиер