Груевски: Не ја потценувајте дијаспората!
Премиерот Никола Груевски денес испрати порака до другите политички партии во Македонија во никој случај да не ја потценуваат дијаспората.
-Најновите притисоци кои доаѓаат кон нас, а во правец да се елиминираат пратениците на дијаспората, заради калкулантски дневно политички ситни интереси, ќе ја оддалечи од нас оваа структура на луѓе која непрестајно, и во добри и во тешки времиња помага на Македонија. Барањата преку разни законски акробации, да се сведе работата на ниеден или најмногу еден пратеник од дијаспората, ќе испрати лош сигнал до најверните наши надворешни подржувачи, рече Груевски.
Потенцира дека ако тој се прашува, бројот на пратеници од дијаспората треба најмалку да се триплира, а не да се елиминираат и сегашниве.
-Дијаспората, не само што испраќа огромна финансиска помош за нивните блиски во Македонија, туку помага и на многу други начини, преку политички и економски лобирања, но се повеќе и преку помали или поголеми инвестиции во Македонија. Во бројни ситуации кога се боревме да привлечевме компании во Македонија, различни здруженија на дијаспората ни отвораа врати на многу места, лобираа и помагаа колку што можат.Немојте да го потценувате нивниот труд. Независно што мал дел од нив гласаат, ќе ги погоди и оние кои гласаат, и оние кои не гласаат, посочи македонскиот премиер.
Заклучи дека симболиката со нивни минимален број нивни претставници во парламентот им значи, и треба да останат.
Ново на Сител
-
САД: Допрва претстои силен руски одговор на украинските напади со дронови
-
Два аеродрома во Москва затворени по украински напад со дронови
-
Штипјанец лишен од слобода, возел под дејство на алкохол
-
Од утре пад на температурите за три до пет степени со услови за пороен дожд и грмежи
-
Сиљановска-Давкова ќе учествува на третата Конференција на ОН за океанот во Ница
-
Препораки на ИЈЗ за заштита од високите температури
-
Еурофарм Пелистер го победи Вардар и ја одбрани шампионската титула
-
Се одложува отворањето на новите реновирани Управни служби на МВР во зградата на МТВ