Македонија
16. December 2015 - 13:08

Груевски: Насловот на статијата на „Гардијан“ е новинарски коментар, а не моја изјава

Премиерот Никола Груевски преку писмена изјава реагира во врска со неточните интерпретации на насловот на статија во британскиот Гардијан. 

- Такво нешто не сум изјавил и ние ќе реагираме и до „Гардијан“. Тоа се гледа и од самиот текст кај што очигледно е дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов, точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многумина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани, вели премиерот Груевски. 

„Гардијан“ статијата ја објави под наслов „Македонија е отворена за промена на името за да се заврши 24-годишниот спор со Грција“.