Груевски: Народот на 15-ти октомври ќе си ја врати власта во Македонија
На првиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ денеска во скопски Бутел, пред бутелчани се обрати и претседателот на партијата, Никола Груевски.Тој порача дека новата ера ќе дојде после ова замрачување, после ова незаконско работење на новата власт.
-Свесно тераат незаконски, влезени се во една еуфорија, влезени се во еден занес, еден вознес дека се донесени вечно да владеат, бидејќи не се избрани, тие изгубија на изборите, тие се донесени. Веруваат дека вечно ќе бидат на овие позиции и затоа не гледаат ни што е закон, ни што е народ, но народот ќе им покаже кои се и кој е овде народот на 15-ти октомври, изјави Груевски.
-Знаат дека народот има спортивно мислење за договорот со Бугарија, каде што прифатија во учебниците, во нашите основни и средни училишта, во иднина, после една година од сега да почне менување на учебнивите по историја, да се пишува дека сите ние сме Бугари, дека Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев биле Бугари. Дека Илинденското востание не било македонско, туку било бугарско, дека 11-ти Октомври не било востание, туку било идеолошка борба на две спротиставени страни на бугарскиот народ во Македонија. Тоа го потпишаа, без преговори, без обиде да издејствуваат барем нешто, да се обидеа барем нешто, изјави Груевски.
Груевски кажа дека за пет минути, на едно кафе, како што самите кажаа прифатија се, за што претходно нашата држава се борела да не биде така, затоа што тие ја следеле реалноста, волјата на народот и она што е вистина, а не била целта да се задоволи некој, за тој да ги донесе на власт.
-На власт носи народот, тоа било и ќе остане, се друго е исклучок и инцидент, кој брзо ќе помине, народот ќе си ја врати власта во Македонија и тоа ќе почне сега на 15-ти октомври, порача Груевски.
Груевски кажа дека и никој не ги прашал граѓаните за договорот со Бугарија и сите штетни членови од него, а порача дека истото ќе се случи и за договорот на името со Грција. Тој напомена дека тие ќе се обидат тој дел да го претстават како голем успех и голема победа преку медиумите под нивна контрола.
-Постарите сигурно се сеќаваат како изгледаше тоа во 1995, кога го потпишаа договорот во ОН, со кој не нарекоа ФИРОМ и ни кажаа дека тоа ќе трае само два месеци, дека тоа ќе трае само два месеци, после ќе си се врати. Донесоа грст луге, голема група луге, на плоштадот Македонија во Скопје да го слават тој договор, лугето поверуваа, медиумите кажаа треба да се слави и лугето играа оро на плоштадот од кејф што сме го прифатиле привременото име ФИРОМ, што еве го до ден денес стои, изјави Груевски.
Тој кажа дека истото ќе пробаат и за сега кога ќе го решаваат спорот со името.
-На тој начин ќе се обидат и новиот договор со Грција да го продадат, меѓутоа 15-ти октомври е денот кога освен што ќе се гласа за градоначалници и советници, народот треба масовно да се изјасни и за ова. Масовно, затоа што ова е државен интерес и национален интерес и ако сега не се изјасни, народот после не може да каже дека друг им е виновен, порача Груевски.
Тој порача дека 15-ти октомври е денот кога треба масовно да се излезе и народот да каже што мисли за ова помрачување што ни се случува
Ново на Сител
-
Поевтинуваат бензините и дизелот
-
Во спомен на младите загинати во пожарот во „Пулс“ започнува програмата „Лето во друштво“ во Кочани
-
Кривична против 34-годишен маж од Тетово, истепал едно лице и со нож му нанел убодни рани
-
14-годишно дете физички нападнато од група малолетници на трим патеката во Кисела Вода
-
Татко пријавил дека кавадарчанец вознемирувал и се заканувал на неговата малолетна ќерка
-
Мицкоски за изјавата дека УЧК имале праведна војна: Не може убиства од заседа да се праведна борба
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути, на ГП Богородица 20 минути, а на ГП Дојран 15 минути
-
Грета Тунберг и други активисти повторно ќе отпловат за Газа