Груевски најави три нови странски инвестиции
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски најави три нови инвестиции, од кои една е во автомобилската индустрија.
- Се работи за голема компанија која веќе инвестираше во Македонија. Таа донесе интерна одлука, очекуваме да се објави на крајот на април или во мај за втор капациетет во Македонија. Во почеток, во првите две до три години, тој ќе отвори нови 400 работни места. Подоцна може да оди со 800, 900, па дури и со 1.000 работни места, рече Груевски во гостувањето на ТВ Сител.
Рече дека за просторот на поранешниот ЕМО се заинтересирани најмалку три компании од различни индустрии и од различни држави.
- Во длабоки преговори сме со нив и се надевам дека во наредните неколку месеци ќе дојде до реализација на инвестиција во просториите на ЕМО. Исто така, има една софтвреска компанија која е пред објавување на својата одлука за инвестирање во Македонија за создавање софтвери, за почеток 200 вработувања, главно, на ИТ-инженери, а подоцна можеби и дуплирање или повеќе на својот капацитет. Има и многу други, но се додека тие самите не објават, ние тоа не го правиме, додаде Груевски.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори