Македонија
25. October 2015 - 16:20

Груевски најави подобрен систем за екстерно тестирање

Унапреден и усоврешен систем за поквалитетно образование. Учениците оваа година ќе полагаат екстерно тестирање по нов концепт кој ќе има за цел  да го зголеми знаењето ,да ја поттикне креативноста со што ќе се добие млад кадар кој ќе биде конкурентен не само на домашниот туку и на меѓународниот пазар. Политиката на оваа влада е во спроеведување на реформи кои на долгорочен план даваат резултат, а така ќе биде и со екстерното, вели премерот Никола Груевски, кој истакне дека тие се спремни и да изгубат дел од политичката поддршка се со цел да создадат висококвалификувани млади кадри.

-Со индигнација ги одбивам сите обвинувања дека овој концепт го тераме заради тоа што сакаме некому да нанесеме зло и да казниме. Нема логика. Ниту било така ниту ќе биде. И децата на министрите, директорите, пратениците го полагаат истото екстерно и истата матура. Тука нема привилегии. И ние по домовите имаме стресни моменти, како што има во секој дом кога ќе дојде периодот на тестовите, и ние работиме со децата, помагаме, се нервираме, се радуваме. Ги разбираме сите,  затоа што и ние поминуваме низ истото, немојте да мислите дека сме посебни или дека не чувствуваме. Ама мора да има мака за да има наука. А кога ќе има наука ќе има успех, Помислете само колку е лесно сега да кажеме се што сакаат да слушнат децата и дел од родителите? Најлесно. Пред избори сме, ќе ветиме, ќе ги орасположиме сите, и сме завршиле работа политички, сме го тргнале товарот од нас. Но каква е одговорноста што со тоа ја носиме? Каква иднина оставаме за нашата земја, за следните генерации?, изјави премиерот Никола Груевски.

Вложувањето  во образованието е еден од приоритетите на оваа влада, вели премерот а тоа се гледа и во проектите кои  се досега се реализирани.Намалена партиципација за студентите од 1000 на 200 евра , странски стипендии , изградба на нови 80 и реконструкција на 350 училишта,70 спотски  сали, бесплатни учебници, компјутери, превоз, 9000 решение за трајно вработување на наставниците. Груевски вели дека сите реформи се прават за подобро образование, а екстерното е исправен концепт кој се спорведува во многу европски земји.

-Подобро сега некој нека се исплука врз нас и нека му помине, отколку по десет години кога ќе биде на интервју за работа или кога ќе треба да започне бизнис да не прекорува во себе полн со фрустрации, депресии заради неуспехот и поразите низ животот. Паролите дека Нема мир додека нема правда се добри за изговарање кога имаат суштина, но кај нас не само што ја немаат, туку  имаат една фалинка. Нема правда додека нема знаење. А знаењето е мир, изјави Груевски.

Матурантите во јануари ќе полааат по новиот модел ,  а пред тој да биде усвоен ќе подлежи на јавна дебата. Ќе бидат прифатени сите сугестии кои нема да ја уништат суштината на  концептот.Премерот вели дека крајното решение за екстернпото тестирање ќе биде усоврешен и унапреден модел, работен низ квалитеттен процес во соработка со раодителите, наставниците и учениците.