Груевски најави пет нови инвестиции во Македонија
Пет нови странски директни инвестиции се најавија изминатите две недели. Турската компанија Чагатај Кабло ќе изгради фабрика за електроника за автобуси и земјоделска механизација во зоната во Бунарџик. Компанијата ќе биде добавувач на Ван Хул, но и ќе извезува на европскиот пазар. Во неа ќе се вработат 200 луѓе, најави престедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски
Сопственикот на компанијата вели дека одлуката инвестицијата ќе се реализира заради поволностите во зоните, поддршката од надлежните институции и стручнипот кадар.
Пред пет дена Груевски најави две нови инвестиции во Битола кои ќе креираат 260 работни места. Турска компанија од метало-преработувачка индустрија ќе инвестира во зоната Жабени.
Втората инвестиција е на грчката компанија „Пластики“ која ќе прозиведува изолациони и пластични материјали.
Во Македонски Брод, Броадстоне Дефенсе, ќе биде прва поголема нова фабрика по повеќе децени и ќе отвори 200 работни места. Како што рече Груевски, оваа компанија ќе произведува оружје, муниција и панцири за американската армија и НАТО.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обелодени и дека во Прилеп, германската компанија ВИГ ќе отвори фабрика за апарати за домаќинство во ТИРЗ Прилеп и ќе вработи 1.000 луѓе.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
