Груевски најави две нови инвестиции
Свеж капитал и нов инвеститор со нови амбиции, нови планови, нови развојни капацитети и поголем број вработувања во компанијата Бонум, најави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Како што рече Груевски, одговорајќи на новинарки прашања по почетокот на изградбата на гасоводот на делницата Штип-Неготино, инвеститорот ќе даде дополнителен импулс на сегашната компанија и во делот на инвестициите за модернизација и проширување на производството.
Груевски најави уште една нова инвестиција, на холандска компанија во македонска фирма која е во стечај.
- Ме радува што влегува свеж капитал во Република Македонија, во компанијата Бонум. Освен посточеките вработувања, се планира и вработување на над 100 нови лица. Инвеститорот ќе даде дополнителен импулс на сегашната компанија и во делот на инвестициите коишто ќе ги направи и во модернизација на производството и проширување со што ќе го направат производството поквалитетно и помодернизирано. Тоа е одлична вест од секој аспект и кога сме веќе кај земјоделството очекувам во наредните денови или недели уште една инвестиција, истакна Груевски.
Според него, холандската компанија има во план и е во завршна фаза на подготовки да инвестира во една домашна компанија што е во стечај и која се наоѓа во југоисточниот дел од државата.
- Тие ќе вложат околу девет до десет милиони евра и ќе вратат на работа голем број невработени луѓе. Тоа е инвестиција која исто така ќе биде значајна. Ќе значи не само враќање на вработени, туку и модернизација во производството и опремата, подвлече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Веста дека починал Илија Темелковски не е точна
-
Кривична за поранешниот директор на охридската Општа болница
-
На Санторини прогласена вонредна состојба
-
Неколку лица ограбиле, па запалиле деловен објект во Бутел
-
25-годишен маж по расправија со својот брат, си ја запалил куќата
-
Триесетдневен притвор за поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчевски
-
МВР: Извршени претреси на 16 локации во Одделот за општи и заеднички работи
-
ZANO донира инхалатори за пациенти со муковицидоза