Македонија
11. July 2017 - 16:41
Груевски на ФБ: Се оствари ветувањето за нова фабрика во Прилеп со 1.000 нови работни места
Денеска, во Прилеп, се започна со градба на Фабриката на германската компанија „ВИК“ во Технолошко-индустриско развојната зона “Алинци”. Оваа фабрика треба на Прилеп и прилепско да им донесе нови 1.000 работни места, што ќе значи сигурна егзистенција, плата, стабилност и извесна иднина за 1.000 семејства. Повеќе од 2 години се работеше на овој проект на германската компанија, а претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, кој присуствуваше на поставувањето на темелите за новата фабрика, овој капитален проект го најави уште во ноември, минатата година.
Според претставникот на Германско- македонската стопанска комора за индустрија, Тобијас Боле, Германија за Македонија претставува прв извозен партнер со вкупен обрт од 2,5 милијарди евра.
Компанија „ЊИК“ е германска компанија која има седиште во Есен, но и во Хонг Конг, а се занимава со производство на апарати за домаќинството. Нивната прилепска фабрика ќе биде насочена кон производство на кафе - мат машини. Инвестицијата тежи 12 милиони евра, на вкупна површина од 10 илјади метри квадратни.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->