-->
-->
Груевски: Камен темелник на „Чагатај Кабло“, нашиот концепт е секогаш инвестиции и работни места
-->
Денес се става камен темелник на турската инвестиција Чагатај Кабло во ТИРЗ Скопје, објави на својот Фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-И ова е една од инвестициите на која се работеше подолго време. Од компанијата објавија дека ќе инвестираат во месец декември минатата година, а на 17-ти мај оваа година потпишавме и договор за инвестирање. Иако беше предвидено фабриката да почне да се гради во месец јули, денес почнува градбата на капацитет кој ќе обезбеди работа на 200 луѓе. Оваа компанија е добавувач на белгиската фабрика за производство на автобуси Ван Хул која ја донесовме и која инвестираше во истата зона во Скопје. Чагатај Кабло ќе се простира на 6 илјади и 700 метри квадратни, а истата компанија во Турција има фабрика од 14 илјади метри квадратни. Ќе инвестира 3 до 6 милиони евра и ќе вработи 200 луѓе во прва фаза. Токму концептот кој го застапувавме на носење на големи странски компании допринесе во Македонија да инвестираат и нивните добавувачи, кој пак најчесто соработуваат со домашните компании. Ова обезбеди над 20 илјади вработувања само во зоните, и голем број надвор од зоните и работа за многу домашни компании. Овој концепт е граден со години, и треба да се продолжи наместо да се урива, а актуелната власт го прави токму тоа. Би бил среќен кога во Македонија би инвестирале, не само оние кои претходно сме ги договориле, сме потпишале договори, и се обврзале да инвестираат, туку да има нови кои ќе инвестираат. Засега таквата бројка е нула нови странски инвестиции. Токму ваквиот пристап и другите пропусти во економијата имаат видливо влијание на забавување и негативни макроекономски показатели. Нашиот концепт е спротивен на ова. Секогаш инвестиции, секогаш борба за нови работни места и сигурен стандард, секогаш работа, секогаш Македонија, објави Груевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината
-
Сообраќајка на патот Штип - Плачковица, сообраќајот во прекин
-
Лихтенштајн совладан убедливо со 5:0 за враќање на прво место во групата
-
Трамп подготвен за нови санкции против Русија
-
Приведен 18-годишен скопјанец кој се заканувал со пиштол пред угостителски објект
-
Пожарот над скопски Раштак ставен под контрола, нема опасност по објектите
-
Пронајдена дрога во дом на скопјанец, овозможил и друго лице да користи кокаин
-
Кај малолетник од Скопје пронајдени пиштол и куршуми