Груевски изврши увид во изградбата на експресниот пат Градско-Прилеп
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изврши увид во градежните активности за изградба на експресниот пат Градско – Прилеп во должина од 33,5 километри со проценета вредност од 70 милиони евра.
Веќе се реализира првата фаза во должина од 10 километри од Фаришката до Дреновската клисура, која се гради на речиси комплетно нова траса на постојниот пат, 95 проценти се нова траса, а пет проценти ќе се спојува со стариот пат во клисурите каде ќе има проширување.
Инвестицијата за тој дел од трасата е 31,8 милиони евра, а градежните активности ги реализира шпанската компанија „Рубау“. Досега се исчистени 70 отсто од овој дел од трасата на која се планира да се изградат 15 мостови и вијадукти, а по завршувањето на неа да се вози со просечна брзина од 80 километри на час.
На трасата ќе има два тунела, еден од 40 и еден од 140 метри. Ова, како што истакна министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, е најтешкиот дел од патот.
Во втората фаза во текот на 2007 година се планира да почнат градежните работи на делницата Градско – Росоман – клучка Кавадарци во должина од 16 километри, со проценета вредност на градба од 31,4 милиони евра.
Изградбата на овој дел од делницата треба да трае 24 месеци, а во третата фаза ќе се врши проширување на делницата од Тројаци до Плетвар и влезот кај Прилеп во должина од 7,5 километри за што е изготвена проектна документација, а проценетата вредност за градба е 5,7 милиони евра.
Се очекува на почетокот на следната година за оваа делница да се распише повик за изведување на градежни работи.
Како што рече Мисајловски, се очекува експресниот пат од Градско до Прилеп, што се гради со средства од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), целосно да биде готов за три до четири години. Стариот пат од Градско до Прилеп се планира да остане како регионален пат.
Парарелно со Прилеп-Градско, укажа Груевски, се градат и експресните патишта Штип – Кочани и Велес – Кадрифаково, а во тек се градежни активности и за изградба на автопатиштата Кичево – Охрид, Скопје – Штип и Демир Капија – Смоквица.
Ново на Сител
-
Конгресот на САД ја потврди победата на Доналд Трамп, четири години по упадот во Капитолот на 6 јануари
-
Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик
-
Земјотрес од три степени почувствуван вчера во Скопје
-
Променливо облачно, со магла по одделни котлини
-
Директорот Бурим Љатифи го пушти во работа новиот трансформатор во ТС Битола 2: Клучен чекор за енергетска стабилност
-
Трудо поднесе оставка како лидер на партијата, но ќе остане премиер додека партијата не избере негов наследник
-
Откажани 1.339 летови низ САД поради невремето кое донесе обилен снег
-
ЗНМ: Запалено возило на новинарка