Груевски: Градба на нови 5 експресни и 6 регионални патишта во 2016

Милионски проекти од патната и железничката инфраструктура се инвестираат во македонската економија, вели премиерот Никола Груевски во новогодишното обраќање до јавноста.
Груевски истакнува дека согласно планот во тек е изградба на трите автопата во Македонија. Речиси е готова, посочува, и реконструкцијата на автопатот Велес-Катланово, а во 2016-та ќе се реконструира автопатскиот дел Смоквица-Гевгелија и Куманово-Скопје. Во 2015-та започнавме со реконструкција на 13 регионални и магистрални патишта во должина од 170 километри.
- Во 2016-та започнува градба на неколку експресни патишта со четири ленти за кои веќе се обезбеди и потпиша финансиска конструкција. Тоа се Штип-Кочани, Штип-Радовиш, Ранковце-Крива Паланка, Охрид Пештани и Градско-Прилеп, плус ќе започнеме и реконструкција на други шест регионални патишта, информира Груевски.
Се гради, додава, и пругата кон Бугарија, и од Битола кон Грција,а се прави проект за пруга од Кичево кон Албанија. Се одвива проект за реконструкција на железничките станици, а набавивме и нови 6 патнички композции и нови товарни вагони.
- Ова се милионски проекти кои се инвестираат во македонската економија. Проекти, проекти и проекти, тоа е нашата работа!, истакнува Груевски.
Ново на Сител
-

Алиу: Телемедицината ќе ги поврзе лекарите од дијаспората со пациентите во земјата
-

Трамп потпиша нови санкции против Куба
-

Приведени седум возачи за безобѕирно управување возило, петмина возеле без дозвола
-

Ракометарите на Охрид вечерва против Целје за историско финале
-

Фајненшл Тајмс: Вашингтон ги предупреди европските сојузници да очекуваат сериозни доцнења во испораките на оружје од САД поради војната во Иран
-

Најстудено во Берово и на Попова Шапка, најтопло во Тетово
-

Трамп: Иранците бараат нешта со кои не можам да се согласам – или ќе ги збришеме, или ќе се договориме
-

Пентагон: САД ќе повлечат 5.000 војници од Германија
