Груевски: Годинава 920 грантови за мали бизниси и илјада самовработувања
Извозот во првите пет месеци бележи раст за 7,3 проценти што укажува дека економските субјекти имале поголем промет споредено со истиот период лани, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање во врска со растот на извозот во последните месеци.
Во истиот овој период, посочи Груевски пораснало и индустриското производство за осум проценти што е, како што рече, одличен показател во период на една од најголемите политички кризи.
На новинарско прашање за програмата за самовработување, Груевски информира дека се предвидени 920 грантови оваа година во чии рамки најмалку илјада вработувања.
- Само преку овие грантови досега се отворија околу илјада бизниси на кои им се дава по 3 илјади евра за почеток, рече Груевски по посетата на општина Ропотово каде што тече изградбата на мултифункционално игралиште.
Тој појасни дека со мерката за самовработување за оваа година предвидено е да се поддржат 920 новоотворени мали бизниси коишто ќе обезбедат илјада дополнителни вработувања за што се наменети 3,5 милиони евра.
- На тој план на почетокот на годинава во јануари беше објавен првиот повик за грант за самовработување за 500 лица и веќе оваа недела ќе добијат неповратен грант од три илјади евра, изјави Груевски.
Вториот повик кој беше објавен пред два месеца за 420 мали бизниси, по изборот, како што истакна, се очекува во спетември да бидат врачени првите договори за грантот за втората фаза.
Ново на Сител
-
Николоски: Важна средба на Мицкоски со Макрон
-
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да ја отвори истрагата за мазутот во ЕСМ
-
ДКСК: Екс министерката за култура трошела незаконски
-
Минчев: Новото законско решение ќе биде уставно
-
Преглед на вестите од светот
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ