Груевски го прекинува летниот одмор, се враќа во Македонија поради настанатата ситуација
Поради настанатата ситуација со силното невреме кое го зафати скопскиот регион вчера, а кое според последните информации однесе 20 животи, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го прекинува летниот одмор и се враќа во земјава.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ го прекинува летниот одмор во Турција и се враќа во Македонија со цел да помогне во справување со тешките последици од невремето кое вчера ја зафати Македонија од досега невидени размери.
Предвидено е веднаш по пристигнувањето Груевски да се упати на најкритичните места погодени од поплавите и директно на терен да ја согледа ситуацијата.
Вицепремиерот Тодоров денеска изјави дека договорено е да се отпочне веднаш со правење на комисии за проценка на штетата од невремето. Тодоров потенцираше дека ќе предложат до Владата прогласување на кризна состојба во траење од 15 дена во скопскиот и тетовскиот регион.
Според информациите Владата закажала вонредна седница во 16:30 часот, по што се очекува да биде прогласена кризна состојба.
Ново на Сител
-
Закажани четири судења против струшкиот градоначалник Рамиз Мерко
-
Намалување на јануарските плати за учесниците во штрајкот, велат од српското министерство за образование
-
Трамп би сакал да избегне воведување царини за Кина
-
МЖСПП: Прекинување на прагот на алармирање во Кичево
-
Евакуирани училишта во Република Српска по дојави за поставени бомби
-
Ѓоковиќ загуби сет и се повлече од Австралија опен
-
Во Хрватска започна бојкот на продавници и бензински пумпи поради високите цени
-
Повторување на постапката и јасни судски пресуди, а не амнестија за осудените за „27 април“, бараат од „Стоп на политичкиот прогон“