Груевски: Државата да ги плаќа придонесите за замените на жените на продилно
Владата размислува за можноста да се донесат законски измени со кои кога одредена вработена жена ќе има потреба да користи породилно боледување работодавачот да има право на нејзино место да прими друго лице за кое во тој период нема да плаќа придонеси.
- Целта на овие измени би биле да се намали притисокот врз жените кои работат од страна на работодавачите во однос на користењето на породилното отсуство. Работодавачот на ваков начин дури може да оствари одреден профит бидејќи кога вработената жена ќе го користи породилното боледување во тој период не само што не ги плаќа придонесите за неа, тоа го прави државата, туку и за оној кого ќе го вработи на нејзино место ќе биде ослободен од плаќање придонеси се додека вработената не се врати од породилно отсуство, изјави денеска премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на спортска сала при Државниот универзитет во Тетово.
Тој посочи дека во моментов се прават квантитативни анализи и оти доколку ваквите законски измени бидат донесени ќе се намали притисокот на работодавачите кон вработените жени бидејќи, како што рече, тоа е многу важно и за државата, за демографијата, наталитетот....
Премиерот Груевски појасни дека доколку бидат донесени ваквите измени тие фактички би биле седми елемент во проектот „Македонија вработува“ кој веќе се спроведува.
Ново на Сител
-
Прогласена вонредна состојба на грчкиот остров Хиос поради пожарите
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност
-
Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја