Груевски: Четврта инвестиција за 6 дена, продолжуваме да се бориме за секое работно место
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски преку својот Фејсбук профил ја поздрави одлуката за инвестирање на компанијата Innofruit.
Добра вест. Нова инвестиција во земјоделскиот сектор за нови вработувања и изградба на откупно дистрибутен центар за земјоделски производи во јужниот дел на државата. Имено холандската компанија Innofruit одлучи да инвестира во Македонија, каде освен обработка на земјоделско земјиште и производство ќе се занимава со откуп и извоз на земјоделски производи. Ќе се вработат 130 луѓе, од кои поголемиот дел ќе бидат постојано ангажирани, а дел времено. Инвестицијата ќе се протега на 250 хектари државно земјиште и е од исклучително значење за Јужниот дел на Македонија, општините Дојран и Богданци. Компанијата, преку јавна електронска аукција, го откупи имотот на некогашниот комбинат Агро Лозар од Богданци со што уште еден пропаднат капацитет ќе биде ставен во функција. Се работи за инвестиција на компанија со искуство во земјодеслкото производство како и во откуп и дистрибуција на земјоделски производи. Компанијата е дел од Olympic food group која поседува најсовремен логистички центар за испорака на овошје и зеленчук за пазарите во Европа и Азија. Нивниот план е многу брзо да започнат со подигање на насади со најсовремени високорпиносни сорти на цреши и трпезно грозје, како и изградба на современ дистрибутивен центар за откуп на земјоделски производи во Дојран кои ќе се извезуваат надвор од државата. Тоа ќе биде од огромна помош за македонските земјоделци. Разговорите за инвестирање траеа подолго време, а особено значаен беше ангажманот на Ванчо Костадиновски. Македонија беше избрана за финална дестинација за инвестирање во конкуренција од повеќе земји од регионот. Ова е 4-та инвестиција за 6 дена. Продолжуваме да се бориме за секое работно место, за секоја нова инвестиција која ќе значи подобар стандард за граѓаните. Нека е среќно!
Ново на Сител
-
Министерството за правда на САД објави сведоштва на партнерката на Епстајн, но не и списокот на клиенти
-
Популацијата во Грција се намалила за околу 500 илјади лица во периодот 2011-2024 година
-
Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите
-
Во Скопје е пронајдена малолетничката за која беше пријавено дека била одземена од Охрид
-
Кандидатите на локалните избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми
-
Приведени три лица за управување возило под дејство на алкохол
-
Приведен 36 годишник, возел со 252 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Приведена 22 годишна прилепчанка, при претрес на нејзиниот дом најдена е дрога