Груевски: Безбедносните сили се браник на одбраната од тероризмот
Радикалните групации отворено се закануваат, а повремено и дејствуваат. Мораме да ги јакнеме нашите капацитети во справувањето со нив, и мораме да се справуваме со нив.
Ова денеска го истакна премиерот Никола Груевски, говорејќи дека безбедносните сили се браник на одбраната од тероризмот.
-Ако некој мисли дека оваа мигрантска криза е некаков бран кој ќе помине набрзо, се лаже. Ова е само почеток на еден вид нова голема преселба на народите, која допрва ќе добие замав. Засега добро се справуваме, но предизвиците ќе растат. Ќе бидат потребни дополнителни напори, мерки, и политики. Заканите од тероризмот демнат над нас, како и над цела Европа. Радикалните групации отворено се закануваат, а повремено и дејствуваат. Мораме да ги јакнеме нашите капацитети во справувањето со нив, и мораме да се справуваме со нив. Неодамнешните настани во Куманово, и повремените фрлања бомби или гранати, се само потсетник дека ваквиот вид закани не е само некаде далеку од нас, во Франција, или во Белгија, во Норвешка или во Америка, во Ирак или во Сирија. Тие може да дојдат и во нашата улица, пред нашиот влез на зграда или куќа и да ги загрозат нашите животи и животите на нашите блиски, изјави премиерот.
Тој додаде дека не смееме да останеме пасивни на овие движења и мораме колку што е можно превентивно и активно да делуваме. Во тој правец треба да работиме на зајакнување на нашите одбранбени и безбедносни сили, бидејќи кога доаѓаат заканите, тие се на браникот на одбраната.
Ново на Сител
-
Протест на Кулакови против пресудата на Обвинителството
-
Дали правото секогаш носи правда
-
Независните советници во општинските совети поднесоа амандмани на Законот за измена на локална самоуправа
-
Советот во Кочани не ги прифати договорите со Струмица и Карпош
-
Кулакови организираа протест по пресудата за смртта на Фросина
-
Тема на денот со Јасна Бачовска Недиќ, професорка на Правниот факултет
-
Врховен ја укина казната од 3 год. и 10 месеци затвор за Васил, апелација не го викнал на судењето
-
Имаат ли соодветен рехабилитациски третман сите повредени од трагедијата во Кочани?