Груевски: Бесплатни елаборати за над 5000 домаќинства
Владата усвои измена на Законот за катастар на недвижности со кој на барање на категорија на граѓани катастарот ќе изготви бесплатни геодетски елаборати за сите објекти за кои градежно техничката документација била издадена до влегувањето во сила на катастар на недвижности за предметната катастарска општина.
Како што објави лидерот на владеачката партија на социјалните мрежи, со ова се решава уште едно барање и потреба на граѓаните посочено при теренските посети, односно последната во Радовиш, Ораовица.
Тогаш од одреден број на граѓани и домаќинства беше посочено дека својот имот не може да го запишат во катастар и да стекнат имотен лист и легална сопственост поради потребата за изработка на елаборати кој инаку не се бесплатни. Тоа се домаќинства кои ја пропуштија можноста која беше достапна до 2012 година, целокупната градежно-техничка документација кои ја поседуваат за своите изградени објекти да ја достават до катастарот со цел покрај парцелите во катастарот бесплатно да се запишат и објектите, напиша Груевски.
Проценките се дека со мерката ова право сега ќе им овозможи на 5 000 домаќинства кои поседувале градежно-техничка документација во тој период и поради разни причини не ја искористиле можноста која ќе им направи заштеди во семејниот буџет.
Груевски информира дека постапката е предвидено да биде едноставна, граѓаните кои поседуваат ваква документација ќе треба да се обратат во подрачното одделение на катастарот по што ќе изготвен бесплатниот елаборат, нужен за запишување на правото на стопствдност на објектот и добивање имотен лист. Очекува измените да ги усвои Собранието со што ќе придонесе во остварување на интересот на граѓаните.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
