Груевски: Албанците не сме ги навредиле со ништо, а уште помалку сме ги понижиле

Некои луѓе од раководството на ДУИ, како, на пример, Невзат Бејта, излегоа отворено против коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и Вас, велејќи дека сте ги иритирале, понижиле и навредиле Албанците и дека сте употребиле речник против Албанците. Тој кажа дека не сретнал Албанец кој рекол ,,да“ за владеењето на Никола Груевски.
-Албанците не сме ги навредиле со ништо, а уште помалку сме ги понижиле, и за тоа говорев многу во моето претходно интервју што деновиве се објавуваше. Дали некого сме иритирале не знам, но ако сме го иритирале со нешто, сигурно не било намерно и свесно.
Во однос на тоа дека Бејта не сретнал Албанец што рекол ,,да“ за владеењето на Никола Груевски, не можам да коментирам, но знам дека јас познавам многу такви кои мислат и анализираат со своја глава, а не со сервирани информации од албанските медиуми и платеници на Сорос. Еден од оние Албанци што ги познавам и кој се истакнуваше во тоа е токму Невзат Бејта.
Во што тоа се истакнувал Бејта?
-Тој беше дел од владата што ја предводев и можам да кажам е еден од оние албански политичари кои со највозвишувачки зборови говореле за мене и за мојата работа, не само во нашите неформални разговори, туку и на седниците на владата што сигурно стои низ стенограмите. Има една реченица која многу често ја повторуваше, особено откако му заврши мандатот во владата и кога стана градоначалник, а тоа е дека многу научил од мене говорејќи го тоа во најпозитивната смисла на зборот, и ми раскажуваше и дека тоа им го говорел и на Македонците во Гостивар, а особено на нашите активисти. Подоцна некои од нив ми го потврдија тоа. Одеше и понатаму кажувајќи што научил, но да не одам во детали, ќе кажам само дека Бејта сигурно од мене не чул и не научил да ги понижува и навредува Албанците.
Колку што се сеќавам, тој по првиот круг на изборите во Гостивар губеше, а во вториот кога се вклучија македонските гласачи победи. Од македонските партии таму ВМРО-ДПМНЕ ужива најголема доверба?
-Да, така беше. За жал, на последната моја посета на Гостивар забележав големо незадоволство од неговата работа кај Македонците, но и кај Ромите и Турците во Гостивар. Сепак, има уште малку време до мај да го подобри впечатокот со реални проекти и решавања проблеми, и тој и некои други градоначалници на ДУИ кои на секои избори ја бараат поддршката не само од Албанците туку и од Македонците и другите граѓани.
Ново на Сител
-

Агент поврзан со случајот „Епстин“ пронајден мртов во стан во Париз
-

САД започнаа нови напади врз воени цели во Иран 12-та ноќ по ред
-

Сончево со локална облачност и температура до 34 степени
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
