Груби: Субвенциите за вработување припадници на малцинствата ќе ја зголемат правичната застапеност
Субвенционирањето на приватниот сектор ако вработува припадници на малцинските етнички заедници е нешто што е предвидено во владината програма, но потенцирано и во предизборната кампања на ДУИ, вели Артан Груби, вицепремиер и министер за политички систем.
Според него, целта на мерката е да се охрабри бизнисот да ги поддржи меѓуетничките односи.
Вицепремиерот Груби вели дека се уште се работи само за идеа и до сега не разговарале со компаниите на оваа тема, ниту размислувале како ќе се реализира проектот. Во секој случај, мора да се најде начин за реализација што нема да наштети ниту на буџетот, ниту на компаниите.
Груби смета дека субвенционирањето за вработување припадници на малцинствата нема да го истисне квалитетот на работникот како критериум. Напротив, ќе овозможи правична застапеност, како што предвидува рамковниот договор, бидејќи според вицепремиерот многу е мала бројката на припадниците на малцинствата кои работат во приватниот сектор.
Мирјана Јовеска
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството