Груби се ревакцинираше

Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска ја прими втората доза од вакцината против Ковид-19.
Како што соопшти Кабинетот на Груби, по вакцинирањето во просториите на поликлиниката Чаир, која служи и како ковид-центар, Груби уште еднаш апелираше до сите граѓани да се пријават за вакцинација на веб-страницата на Министерството за здравство – vakcinacija.mk бидејќи, како што се наведува, само на овој начин ќе се постигне имунизација на целото наше население и во исто време ќе го поразиме овој вирус.
-Само што ја примив втората доза на анти ковид вакцината, се чувствувам добро и сакам да апелирам до сите граѓани на нашата земја да се пријават на порталот на Министерството за здравство, vakcinacija.mk со цел да си закажат термин и да бидат вакцинирани. Само вакцинацијата ни овозможува да се вратиме во нашиот вообичаен живот, затоа ве замолувам сите да бидете дел од придобивките на колективниот имунитет и враќањето во нормала, изјави Груби.
Ново на Сител
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
