Македонија
19. March 2021 - 11:32

Груби: Косовското прашање ни е приоритет, Османи во Шпанија ќе бара признавање

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, додека е на посета во Шпанија, ќе побара оваа земја да го признае Косово.

Ова го соопшти првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, во изјава за „ТВ21“, по неговата средба со Вјоса Османи, која е вршител на должноста претседател.

„Апсолутно да, прашањето со Косово е на приоритетната листа на г-динот Османи. Исто така е и приоритет на нашата партија како учесник во Владата на РСМ. Со Г-ѓата Вјоса Османи исто така дискутиравме дека секогаш ќе ја има нашата поддршка, било мојата како вицепремиер, или на министерот за надворешни работи Бујар Османи, но и на Али Ахмети, затоа што Косово е наш приоритет“, изјави првиот вицепремиер.