Груби: Коалицијата на ДУИ и СДСМ за локалните избори е договорена и е апсолутен фаворит според анкетите
Коалицијата на ДУИ и СДСМ за претстојните локални избори е договорена од лидерите на партиите и предвидува комбиниран модел на поддршка – некаде во прв круг, некаде во втор круг, но ве уверувам дека сме апсолутни фаворити на овие избори, изјави првиот вицепремиер и министер и за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби. -Имавме состанок господинот Заев и господинот Ахмети на којшто учествувавме и Николовски и јас, договаравме во детали коалиција за локалните избори која што наликува на таа што ја направивме во 2017 година. Гледајќи во анкетите убедени сме во победа во огромно мнозинство во сите општини во нашата држава вклучително и градот Скопје, Тетово, Гостивар, Велес, Битола и други поголеми градови во нашата држава. Ќе имаме комбиниран модел на поддршка, некаде во прв круг, некаде во втор круг, но во едно нешто ве уверувам дека сме апсолутни фаворити на овие локални избори, рече Груби на новинарско прашање по промоцијата на поштенска марка по повод 20 години од Рамковниот договор.
Ново на Сител
-
Почина актерката Радмила Живковиќ, нам позната како луда Дока
-
Укината целосната забрана за движење во шума
-
Апелација ја укина пресудата и го врати на повторно судење предметот против Мухамед Зеќири за злоупотреба на службена положба
-
Перински: 80 општини поднесоа 358 предлог проекти, фазата на евалуација ќе трае од седум до десет дена
-
Македонија ќе се снабдува со гас од Грција од 1 октомври
-
Минчев најавува законско решение наместо балансерот
-
Туфегчиќ: Јас бранам потполно невин човек
-
Просечната нето плата во јули 40.961 денар