Македонија
13. September 2020 - 16:41

Груби: Ќе работиме за еднаквост, заврши правдата нарачана по телефон

Вработените по Рамковен кои седат дома, ќе добијат работни места. Ова денеска го најави министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби кој вели дека како влада имаат обврска да обезбедат место во институциите за 1.300 рамковни вработувања.

Груби најави дека министерството со кое раководи активно ќе учествува во процесот на ветинг во правосудството за како што вели примена на неселективна правда. Тврди дека ќе стави крај на нарачаните пресуди.

Груби негира дека во министерството ќе се вработи кандидатот за премиер од редовите на ДУИ. Насер Зибери само ќе помагал во формирањето на новото министерство, а за тоа вели Груби ќе разговарал и со универзитетски професори.