Груби ја повика српската заедница да се попише
Првиот вицепремиер и министер за Политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби денеска продолжи со средби со претставници на граѓанското општество од српската заедница во Република Македонија.
Груби, како што информираат од неговиот кабинет, на состанокот истакнал дека општеството ќе биде еднакво кога сите ќе се посветиме на правата на другите и дека Министерството што тој го води ќе остане отворено за соработка со сите заедници.
Состанокот, се вели во соопштението, имал за цел информирање за процесот на Пописот и потребата за кампања од влијателните личности за сензибилизација на заедницата за регистрација, како обврска, но и за да ги користат правата на заедниците што произлегуваат од Охридскиот договор, бидејќи на овој начин земјата ќе има поточен преглед на податоците за населението.
Соговорниците, исто така, разговарале и за начините и формите на мобилизација за да ги охрабрат граѓаните да се регистрираат во дијаспора и во земјата.
Ново на Сител
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница
-
Училиштата ќе се финансираат според реалниот трошок за образование на еден ученик
-
Нелојалната конкуренција и нерегулираниот работен статус проблеми за туристичките водичи