Груби: И да нема техничка влада ќе има премиер Албанец
Артан Груби од ДУИ денеска за Слободен печат изјави дека иако техничката Влада биде укината, премиер Албанец ќе има.
– Изборниот законик треба да биде усвоен консензуално, а не еднострано затоа што законикот ги определува правилата за сите. Во однос на укинувањето на техничката влада, тоа е став на ДУИ уште од пред изборите затоа што е апсурдно членка на НАТО и земја со зелено светло за отпочнување на преговори за членство во ЕУ да има техничка влада за спроведување избори поради недовербата во институциите преку нефункционален систем којшто ја блокира владата. Тоа беше и дел од коалицискиот договор и нема ниту една последица по договорот за прв премиер Албанец затоа што не се взаемно зависни затоа што укинувањето на техничката влада и политички премиер со полни надлежности во последните 100 дена влада беше и останува дел од договорот кој што гледаме дека го почитува и ВМРО-ДПМНЕ, но и парламентарните партии на Албанците ветија дека ќе гласаат за – вели првиот вицепремиер Артан Груби.
Ново на Сител
-
Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“
-
Разбиени две криминални групи во Грција за измами со гориво на бензински пумпи
-
Вкупно 827 казни за сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден
-
Приведен маж од Дебрца, возел со 1,53 промили алкохол во крвта
-
Мицкоски не очекува криза, очекува заканите од ДУИ да продолжат со несмален интензитет
-
Велешанец најден мртов во неговиот двор со траги од крв во пределот на главата
-
Мисајловски: Нема да има македонски војници во Украина
-
Манев: Таткото на Вања воопшто не е инволвиран во случајот!