Груби: Добивме максимална поддршка од Косово во однос на пописот
„Со претседателката на Косово Османи, вицепремиерот разговараше на повеќе теми поврзани со интересите на Македонија и Косово, вклучително и за договорите кои треба да бидат потпишани веднаш и без одлагање по формирањето на новите институции во Приштина, но исто така разговараше и за процесот на пописот на население што е веќе во тек е во Македонија“, соопштија од кабинетот на Артан Груби.
Според нив, главна тема на целодневните средби на вицепремиерот било барањето поддршка и апелирањето до албанската дијаспора за учество на пописот на населението во Македонија.
„Груби исто така рече дека претседателката на Косово, Османи и ветил дека ќе обезбеди максимална поддршка во однос на процесот на пописот, имено ќе покрене сензибилизација на албанската дијаспора“, велат од Кабинетот.
Потоа Груби се сретнал и со претседателот на Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, кој побарал да се мобилизираат за да се самоосвестат иселениците за да се попишат.
„Се мобилизираме за да помогнеме да се самоосвестат околу пописот на население во Македонија“, посочил Харадинај.
Ново на Сител
-
Труење со салмонела: Затворени сендвичара во Аеродром и ресторан во Влае
-
ЗНАМ и ВРЕДИ повторно со спротивни ставови за употребата на албанското знаме
-
Тема на денот со Максим Ацевски, главен државен ревизор
-
Мицкоски ќе земе 500 милиони евра позајмица од Орбан
-
Мицкоски: Сакаме да бидеме добри соседи, но не со свиткана кичма
-
Давкова: Младите на доброволна основа да може да отслужуваат воен рок
-
Искршени детски игралишта, се бараат сторителите
-
Пожарот во Неготино се уште активен