Груби: Денес се исполнува сонот за евроатлантска Македонија

Денес се раѓа ново сонце на слободата, правичното сонце на еднаквоста и исполнување на сонот за евроатлантска Македонија, рече пратеникот на ДУИ Артан Груби на собраниската седница на која треба да се гласа за ратификација на договорот со Грција.
- Животот не учи дека одлуките треба да ги донесеме навреме во вистинско време, а не доцна. Денеска е најдоброто време да ја донесеме најдобрата одлука која ќе ја бетонира државноста на Република Македонија и ќе ни овозможи иднина нам и на генерациите по нас. Ни носи датум за преговори за членство во ЕУ и покана за полнотравно членство во НАТО, рече Груби.
- Некои ги нарекувале Скендер бег и Гоце Делчев предавници, но по педесеттина години историјата покажа дека тие биле херои. Херојство е да обезбедиш сигурна иднина за своите деца и за нивните деца, рече Груби.
Тој им порача на пратениците дека пред нив денеска има три копчиња и оти секој треба да донесе одлука за иднината на нашите поколенија.
- Зеленото копче е за храбрите луѓе и за сите што ја сакаат Македонија како своја татковина, рече Груби и додаде дека Македонија денес ја доживувам како своја држава и татковина.
Ново на Сител
-

Мерц ја исклучи можноста Германија да поседува нуклеарно оружје
-

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер
-

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква
-

Во Женева заврши првиот ден од преговорите меѓу Русија, САД и Украина
-

Тројца загинати во експлозија во зграда на руската воена полиција
-

Зеленски: Досега од Русија се вратени 2.000 украински деца
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево
-

ФИФА загрижена поради слабиот интерес за Светското првенство 2026
