Грозоморно убиство: Новинарка отишла да интервјуира газда на подморница, ја нашле обезглавена и искасапена
Во водите кај Копенхаген е пронајдено обезглавено женско тело со отсечени екстремитети, соопшти данската полиција, нагласувајќи дека по извршената идентификација било утврдено дека станува збор за шведската новинарка Ким Вал.
- ДНК анализата покажува дека телото е на Ким Вал, наведува полицијата.
Обезглавеното тело било пронајдено од велосипедист кој случајно минувал оттука.
Данската полиција пред неколку денови соопшти дека Вал, која се води како исчезната од 11 август кога интервјуирала сопственик на една подморница, починала во несреќа која се случила на пловниот објект. Сопственикот на подморницата Петер Мадсен, како што е соопштено, го фрлил нејзиното тело в море.
Мадсен, кој е обвинет за убиство од небрежност, изјавил пред судот и полицијата дека „се случила несреќа на подморницата, која предизвикала смрт кај Вал, а тој потоа ја фрлил во море, на неодредена локација јужно од Копенхаген“. Мадсен првично ги негирал обвинувањата за убиство од небрежност, тврдејќи дека новинарката ја напуштила подморницата во Копенхаген, пред пловилото да потоне. Тој е уапсен само неколку часа откако неговата потморница, тешка 40 тони и долга 18 метри, потонала покрај источниот брег на Данска.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Биљана Митева, претседател на Македонско-Бугарска Стопанска Комора
-
Масовни протести во Белград по несреќата во Нови Сад: Српските служби ја продолжуваат истрагата
-
Расчистено убиството во Арачиново
-
Ризик од корупција и судир на интереси во Академијата за судии и обвинители?
-
Бизнисот на удар од корупцијата
-
Инспекторите ги чешлаат универзитетите
-
Се позачестени несреќите на планина
-
Виртуелна прошетка низ Трескавец