ГРОЗОМОРНО: Наставник по танц сексуално вознемирувал малолетни девојчиња
Поранешниот наставник по танц и педофил, Грант Дејвис, вчера е осуден на минимум 18 години затвор поради сексуално вознемирување и правење порнографски содржини на поранешни ученички.
Овој 41-годишник бил директор на едно студио за танци во Крисвик, а бил фатен во мај 2015 година и признал дека е виновен за неколку кривични дела кон девојчињата на возраст помеѓу 9 и 15 години.
Во септември 2014 година, мајката на двете деца била осудена на 18 години затвор затоа што на Дејвис му испраќала експлицитни фотографии и снимки од своите ќерки кои имале 10 и 13 години.
Дејвис на некои ученички константно им испраќал СМС пораки, девојчиња кои немале повеќе од 3 години ги терал да не носат пантолони, а некогаш некои од жртвите ги држел будни до доцна во ноќта, така што им испраќал пораки со сексуална содржина.
За време на судењето, девојчињата кои биле негови жртви седеле во судницата и се држеле за раце, пренесува Daily Mail.
Судењето на Дејвис требало да почне во септември, но бидејќи ја признал вината за 28 дела, одлучено е неговата казна да му биде изречена во октомври.
Кривичните дела ги извршил во својата куќа во Аботсфорд, како и во студиото за танци и на уште неколку други локации.
Ново на Сител
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто