-->
-->
ГРОЗОМОРНО: Малолетник си ја силувал сестричката - Причината за тоа е...
-->

Уште еден грозоморен пример за лошото влијание на порнографијата врз младите, која е неверојатно лесно достапна за сите возрасти. Момче ја силувало својата деветгодишна сестра, под влијание од гледањето порнографски содржини со инцест.
Неименуваното четиринаесетгодишно момче, кое во времето кога го извршило злосторството врз сопствената сестра имало дванаесет години, се изјаснило дека е виновно за четири обвиненија за силување за време на судењето во Челтнем, Англија.
Пребарувањето на неговата интернет-историја покажало дека впишувало термини поврзани со инцест и ги гледало тие содржини. Обвинителот Јан Фени рекол дека момчето на својата сестра, која тогаш имала девет години, ѝ кажало дека ако не сака да има сексуален однос со него, „веќе нема да му биде сестра“.
„Случаи од ваква природа ќе бидат сè почести во судницата“, предупредува Фени, посочувајќи го лесниот пристап на младите до порнографските содржини на интернет. Момчето го извршувало овој престап во време кога „било сигурно дека никој нема да му пречи“, и тоа се случило во повеќе наврати. Но, девојчето на крај ѝ кажало на мајката за сѐ што се случило.
Адвокатот Гарет Џемс изјавил дека момчето правело „непримерни експерименти“ и дека порнографијата што ја гледало влијаела врз неговите дејства. Судот изрекол пресуда за 12-месечно советување и за условна казна во траење од пет години. Во текот на тој период прекршителот нема да смее да биде во близина на никој што е помлад од шеснаесет години и неговата интернет-активност ќе се наоѓа под постојан полициски надзор.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка
-

Возел „фолксваген пасат“ со брзина од 107 километри на час на место каде е дозволено 50, приведен 38-годишник
-

Пoчинa пoeтeсaтa д-р Слaвицa Свидерскa
-

Седум до десет продолжени викенди во 2026, ова се сите неработни денови
-

На аеродромот во Атина запленети над 1,6 милиони парчиња цигари
-

РКЕ не очекува било какви поместувања на цената во делот на преносот и дистрибуцијата на електричната енергија
-

ИЕА: Глобалната побарувачка за нафта и гас може да расте до 2050 година
-

Се бара решение за 550-те вработени во Лукоил Македонија
