-->
-->
Грозни и мистериозни работи улови “Гугл Мапс“
-->
Вонземјани, ангели и демони се некои од теориите кои ги откри Гугл Мапс. Јутјуб каналот Дарк5 претстави пет мистериозни суштества за кои некои тврдат дека се обичен случаен кадар и глупост, додека други веруваат во тоа дека сепак има нешто повеќе.
5. Во Флорионаполис во Бразил на снимката од 2013 година која е направена на една улица, Гугл го заматил погледот на она што се чини дека е обичен рекламен излог. Сепак со приближување на погледот се гледа нешто што наликува на кошмар кој како да се пробива од некоја друга димензија. Некои веруваат дека станува збор Сатаната Кабека.
4. Погледот од 2015 каде Гугл се обидува да прекрие грозно неидентификувано суштество, многумина го нарекле вонземјанин кој наликува на некое деформирано суштество. Според теориите на заговор се работи за изменета содржина пред Гугл да ја замагли. И тоа секако не е без причина.
3. На канадски автопот во 2012 окото на Гугл Мапс снимило необична сенка, по што многу брзо темната фигура се повлекла во густата шума во околината. Ловците на Биг Фут од тогаш тврдат дека тоа суштество е Биг фут.
2. Во Британија во Ливерпул на снимките од Гугл од 2014 година наводно се гледа дух на русокоса девојка која искача од прозор на напуштен дом за сираци. Тој комплекс бил отворен во 1874 година но 1954 бил претворен во болница за душевно пореметени луѓе со криминално досие. Местото било напуштено 1997 а локалното население тврди дека местото е опседнато со духови каде се слушале гласови и чудни звуци.
1. Во Италија на Гугл Мапс е прикажана премногу необична формација од облак. Скептиците тоа го прогласиле како почеток на Апокалипса, а слично нешто се случило и во Швајцарија, каде некои луѓе тврдат дека тоа е ангел кој ја чува земјата од демони.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела
-
Матични лекари не пропишуваат од новите лекови на Позитивната листа поради технички проблеми