Грлиќ-Радман: Без одложување да се отворат преговорите со Македонија
Местото на Македонија е во Европската Унија, а земјата заслужи конечно да ги почне претпристапните преговори. Ова во Загреб го изјави министерот за надворешни работи на Хрватска Гордан Грлиќ Радман по средбата со заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров, јави дописникот на МИА.
– Се надевам дека одлуката за отворање на преговорите за членство во ЕУ со Македонија треба да се донесе час поскоро и без некакво понатамошно одложување. Хрватска се надева дека ваквата одлука ќе биде донесено за време на нашето претседавање со Унијата, а ние напорно ќе работиме тоа да се случи. Документот на Европската Комисија за новата методологија на водење преговори ја истакнува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, подвлече Грлиќ Радман на прес – конференцијата по средбата со Димитров и Османи.
Според Грлиќ-Радман, добрите билатерални односи меѓу двете земји, односно Хрватска и Македонија ќе треба да бидат дополнети со уште подобра економска соработка.
Според вицепремиерот Османи, условите се зрели уште во март да биде донесена одлуката за отворање преговори со земјава.
– Ние не стравуваме од строгите нови правила за преговори со ЕУ. Ние сакаме да бидеме добри кандидати, а ваквите критериуми се само дополнителен мотив, кажа Османи.
Министерот за надворешни работи Димитров на прес – конференцијата рече дека Хрватска претседава со Унијата во многу важни моменти за европската перспектива на нашата земја.
– Мислам дека новата методологија е добра за оние држави кои сакаат вистински реформи, а тешка за оние кои не сакаат да се променат. Ние сакаме да ги искористиме сите бенефиции кои ги нуди новата методологија. Ќе работиме многу блиску со Загреб за конечно да имаме пробив во март. Ќе работиме на тоа, самитот на ЕУ во Загреб да биде голем успех за нас, истакна Димитров.
За време на официјалната посета на Хрватска, Димитров и Османи се сретнаа и со претседателот на Комисијата за надворешна политика Миро Ковач и претседателот на Комисијата за европски прашања Домагој Иван Милошевиќ во хрватскиот Сабор, а тема на разговорите беа европските аспирации на Македонија.
Во тек е средба на Димитров и Османи во Загреб со премиерот Андреј Пленковиќ.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за декември 62.861 денар, зголемена за 840 денари во однос на ноември
-
Дејан Митровски - Урко реизбран за претседател на Кикбокс маитаи федерацијата на Македонија
-
АД МЕПСО го раскина договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија
-
Ердоган повторно повика на нов устав
-
Кремљ објави дека се уште нема планови за разговори со Трамп
-
Водата во Скопје санитарно исправна, вонреден мониторинг по завчерашниот прекин на снабдувањето
-
ChatGPT критикуван за користење руски пропагандни извори
-
Трамп: Ќе ставам крај на сексуалното осакатување на децата на првиот ден на мандатот